Извештај за 2025-та: Лоши услови во затворите, работите не се менуваат на подобро!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Несоодветни сместувачки услови во дел од затворите, предизвици во обезбедувањето навремена и достапна здравствена заштита, недоволна кадровска екипираност на институциите, недостиг на специјализирани обуки за дел од персоналот, ова е констатирано во извештајот на Национален превентивен механизам за 2025-та година, кој го презентираше заменик народниот правобранител Соња Трифуновска.

Во извештајот се додава дека во полициските станици, и понатаму се забележува недоволен број на униформирани полициски службеници, недостаток на соодветни услови за работа и непостоење на посебни простории за разговор со деца.

Ова е 15-ти извештај, меѓутоа, наспроти дадените препораки до институциите, во Извештајот констатирано е дека дел се имплементирани, но во поголемиот дел не се, и состојбите од година во година, се посочува, се исти и не се менуваат на подобро.