Извештај за (не)напредокот на Македонија кон ЕУ – „Нема напредок во судството и борбата против корупцијата“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Да, објавен е извештајот за напредокот на Македонија во период јуни 2022 – јуни 2023 и многумина можеби би биле изненадени од она што го пишува внатре, а многумина можеби и не се изненадени, бидејќи изминатиот период во нашата земја бројни експерти па и ние како медиуми објавуваме и забележувавме одредени работи кои што не се во согласност со европската практика.

Веројатно сега ќе се обрне повеќе внимание кога ќе се види дека се тоа е нотирано во најновиот извештај. Пред се тука мора да споменеме дека е нотирано честа злоупотреба на европското знаменце и носење на закони кои не се во согласност со европската регулатива, а во извештајот се вели дека европското знаменце и постапката во Собрание треба да се употребува исклучиво за закони кои се носат за усогласување со европското законодавство.

Исто така, има критики во извештајот за недоволната борба со корупција. Таму е посочено дека државата во однос на претходниот извештај нема значителен напредок во борбата со корупцијата. Спомената е и јавната администрација, се вели дека иако веќе пет години постои стратегија за реформа ништо не е направено, воедно се додава дека не се прифатени, односно реализирано и спроведени препораките на државната Комисијата за спречување на корупција при вработување и партизацијата во јавната администрација.

Мора да ги споменеме тука и борбата против корупцијата, односно судството. Тука нотирано е дека реформите во судството не се спроведени и пишува во извештајот дека нема напредок. Дури е нотирано дека во Собранието преку брза постапка се направени измените во Кривичниот законик со што е овозможено голем број на поранешни функционери кои што ја злоупотребиле својата функција и положба, односно направиле криминал да се спасат од кривично гонење, односно да им застарат нивните кривични дела.

Мора да потенцираме дека при денешната прес конференција на Вархеј и Фон дер Лајен малку време беше посветено на земјите од Западен Балкан, фокус беше во Украина и Молдавија каде што беше дадена и препорака за почеток на преговорите.

Да споменеме за крај дека е презентиран и планот за економски развој на Западен Балкан, земјите апликанти за членство во ЕУ како и во сите други земјите, доцнат во реформите така доцнат и во економската сфера па затоа ЕУ ќе помогне за придвижување на самата економија до ЕУ, односно отворање на одредени сегменти кон европскиот пазар, меѓутоа првенствено самите земјите од ЗБ треба да се консолидираат во еден заеднички пазар, дозволен влез на одредени фирми и производи на Европскиот пазар од страна на земјите од Западен Балкан, но за сето ова како што велат од ЕК обезбедени се дополнителни финансиски средства и помош во вистина од околу 6 милијарди евра кои ќе им помогнат на земјите од Западен Балкан уште повеќе да се приближат кон ЕУ. Пораката е дека ЕУ односно проширувањето на ЕУ е главна цел и оние земји кои што сакаат да бидат дел од ЕУ, секако дека унијата ќе им помогне во таа намера.

За ТВ21 од Брисел, Един Растодер.