Две лица загинаа во судир на четири возила во близина на градот Раб во Хрватска, потврдија од полициската управа Дубровник-Неретва.
Во несреќата има повредени, објави порталот 24сата.хр. Интервенирале пожарникари од Метковиќ.
„Извлековме двајца мртви, а има уште повредени. Некои се префрлени во КБЦ Сплит, а некои во Мостар“, изјави началникот на противпожарната служба Јуре Пиљ.
Сообраќајната несреќа се случила околу 18 часот и 30 минути, јавуваат хрватските медиуми.
Сообраќајот на Јадранската магистрала е затворен, а во моментов сите итните служби се на терен и не се знае кога ќе биде отворен патот.