Веби Абази од Тетово раскажува како извршител му го одзел дуќанот вреден 700 илјади евра за долг од 140 илјади евра и никогаш повеќе не можел да стапи во контакт со него.
Десетици граѓани и активисти се собраа пред Основното јавно обвинителство-Скопје во знак на протест против извршителите. На овој начин тие го изразија својот револт кон правосудниот систем кој, како што велат, не презема ништо. Се жалат дека обвинителството ги држи предметите во фиока.
Од Здружението „Стоп за грабежот“ помош побараа и од амбасадорката на САД во Скопје.
Инаку, Народниот правобранител, Насер Зибери до Влада достави иницијатива за изготвување Предлог-закон за дополнување на Законот за извршување во делот на каматите во извршните постапки. Иницијативата предвидува казнената камата да не биде повисока од основниот долг.
