Извршителот на терористичкиот напад на синагога во Германија во 2019. осуден на доживотна казна затвор

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На 28-годишен маж кој призна дека извршил терористички напад во синагога во Хале во Германија во 2019 година, германскиот суд му изрече доживотна казна затвор, јави ДПА.

Регионалниот суд во Наумбург утврди дека, откако Стефан Балиет ќе отслужи 15 години од казната, тој ќе биде префрлен во превентивен затвор. Ова е максималната казна достапна според германскиот закон.

Балиер призна дека се обидел да упадне во синагога на Јом Кипур, најсветиот ден во еврејскиот календар, на 9 октомври минатата година.

Тој не бил во можност да влезе во синагогата, но нападна случајни минувачи, при што уби двајца, а повреди неколкумина.