Многумина мислат дека на своето бебе ќе му направат ладовина и ќе го заштитат од жештина доколку детската количка на покријат со некоја крпа, газа или тетра-пелена. Меѓутоа реалноста е сосема поинаква.
Педијатрите веќе многу пати предупредуваат дека така само ќе се влоши ситуацијата, дури до таа мерка бебето да претрпи топлинскиот удар и опасно да дехидрира.
Кога ќе ја прекриете количката, воздухот не циркулира и температурата во неа брзо се качува. Најдобар доказ е еден експеримент во кој е направена споредба на температурата во количка прекриена со газа и она која не е.
И двете колички биле паркирани на сонце. Во првата прекриена со газа, температурате брзо достигна 39 степени, додека во другата растеше, но не надмина 33,7 степени.
