Ја пропушти венчавката поради натпревар – брат му го замени

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Новиот напаѓач на фудбалскиот клуб „Малме“ Мохамед Буја Туреј ја пропушти сопствената венчавка за да дебитира за шведскиот клуб во квалификацискиот натпревар за Лига Европа против „Диделанж“, објавија шведските медиуми.

Соиграчот откри дека на венчавката го претставувал неговиот брат и дека церемонијата се одвивала без него.

“На свадбата ме застапуваше брат ми. Се венчавме на 21 јули во Сиера Леоне. Но, јас не бев таму, бидејќи Малме ме замоли да дојдам порано”, рекол Туреј, а пренесуваат шведските медиуми.

Фудбалерот на Сиера Леоне на социјалните мрежи објави слики од венчавката, и објасни дека се направени порано.

“Претходно се фотографиравме. Значи изгледа дека бев таму, но не бев. На самата венчавка ме замени брат ми, додека жена ми ќе живее тука со мене. Кога е меден месец во прашање, прво треба да бидете шампиони“, рече тој.Напаѓачот на „Малме“.

Мохамед Буја Туреј летово пристигна во „Малме“ од кинески „Хенан“, а на мечот против „Диделанж“ влезе на теренот од клупата и одигра десет минути.