Овој човек направи неверојатна работа: ја реновираше куќата на неговиот стар дедо од темел до покрив, но истовремено го зачуваше оригиналниот изглед, но и античкиот мебел во него.
Тој и ја спаси душата! За реновирање користел дрва од имотот, но и оној што бил исфрлен од поплавите. Камениот оџак е зачуван, обновен и во функција.
По реновирањето, куќата е нова, но повторно има стар дух што се рефлектира во старите печки, мебел и дворови.
