Јаќимовски: На оглас има стан и 4.000 евра, но тоа не е показател за цените на становите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ивица Јаќимовски, од Градежна комора при Сојузот на стопански комори, во емисијата Бизнис21 на ТВ21 порача дека на оглас има стан и до 4.000 евра, но тоа никако не е показател за цените на становите.

„Не можеме дневни огласи да ги ставаме како влезен показател, затоа што ти на оглас имаш велосипед за 20.000 евра. Затоа што ние секогаш се држиме за горната граница. Затоа што дезинформацијата создава дополнителен притисок. Од аспект на секој кој купува недвижност планира долг временски период. Не е ова стнадарно купување на производи ад хок“, вели Јаќимовски.