Array

Јанакиески повторно во Шутка овој пат заедно со Ристовски

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески и поранешниот министерот за образование Спиро Ристовски вечерва влегуваат во Шутка, откако Основниот Суд Скопје 1 им одреди мерка притвор од 30 дена.

За двајцата е одредена мерка притвор поради можност од бегство и влијание врз сведоци, а се осомничени во истрагата на Обвинителството за организиран криминал за организација на нападот на Собранието на 27 април лани.

Двајцата, исто како и бившиот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, кој има пратенички имунитет, се осомничени за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста. Осомничени во истрагата се и ексдиректорот на УБК Владимир Атанасовски, кој е во притвор за друго дело, како и избеганите Никола Груевски и Никола Бошкоски.

Јанакиески беше спроведен во притвoр на 14 ноември 2018 како обвинет во „Титаник“, набрзо по бегството на Груевски. Ексминистерот за транспорт и врски е обвинет во уште четири случаи на СЈО, за кои судењата се во тек. Беше пуштен од затворот во Шутка во куќен притвор на 28 декември 2018.