Јанева: „Ова е монтиран случај, никогаш не сум му понудила на Камчев олеснување на положбата во било кој предмет во СЈО“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Катица Јанева денеска во своја одбрана рече дека никогаш како специјална јавна обвнителка му понудила на Орце Камчев олеснување на положбата во било кој предмет кој го водел СЈО.

„Оваа постапка е монтирана, не само против мене, туку и против целото СЈО. Одговорно тврдам дека никогаш не сум понудила на Камчев олеснување на положбата во било кој предмет на СЈО“, изјави Јанева.

Таа дополни дека обвинението се темели на исказ на некој човек против кого има 14 предмети во СЈО и замрзнат имот од 93 милиони евра. Јанева истакна дека се надева дека тие предмети ќе добијат завршница.