Катица Јанева, обвинета во случајот „Рекет“, се огласи на денешното рочиште. Таа побара од Судот да не биде исклучена јавноста во процесот, да се презентира целокупното УСБ на Зоран Кичеец, и да не бидат исклучено, како што кажа, непријатните работи.
„Бараме да не биде исклучена јавноста во процесот. Бараме целокупното УСБ на Зоран Кичеец да биде презентирано денеска, и бараме да не бидат исклучени непријатните работи, за да се види кој манипулира, кој нуди рекет, кој нуди поткуп, кој е изманипулиран во интерес на јавноста“, рече Јанева на денешното рочиште.
