Лишена од слобода е Ј.Ѓ. (28) од Крива Паланка во случај поврзан со крупен добиток кај местото викано „Калин Камен“, од страна на полициски службеници од ОВР Крива Паланка.
Таа била приведена откако била пријавена дека спречувала вработени од Агенцијата за храна и ветеринарство при заловување крупен добиток.
Ј.Ѓ. била задржана во полициска станица, а како што соопштија од МВР, против неа ќе следува соодветна пријава.
Случајот со кравите од Kривопаланечко подолг период е тема во јавноста.
