Јаневска вели дека се дискутира за повисоки плати на наставниците

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска истакна дека во фаза на дискусија се разговорите за повисоки плати на наставниците меѓу Синдикатот за образование и наука (СОНК) и премиерот Христијан Мицкоски и министрите во Владата, кои почнаа вчера.

-Деталите се уште се во фаза на дискутирање и дооформување. Значи се разговараше за идните можности, се разговараше за методологија, се разговараше за потребите на наставниците, за можностите на државата и продолжуваме и понатаму да изнаоѓаме соодветни решенија на општо задоволство на сите“, вели Јаневска.

Прашана дали е договорено за зголемување на платите на наставниците за 12 отсто, Јаневска со одговор дека се уште се дискутира.