Јанкуловски: Најголем дел институции си ја испочитуваа обврската, 90% е реализирана расходната страна

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Заменик министерот за финансии, Николче Јанкуловски денеска во емисијата Бизнис21 на ТВ21 порача дека најголемиот дел од институциите ја испочитувале обврската за доставување на налози кон трезорот.

„Налозите и на 15-ти, и во другите денови ги добиваме, најголемиот дел си ја испочитуваа таа одлука од организационен аспект и ги доставија налозите, како што гледате непречено се одвива исплатата на сите тековни расходи кои што ги има од страна на буџетот, не само тие, туку и капиталните расходи и обврски кои што се преземени.“, рече Јанкуловски.