Јанкуловски: Од унгарскиот кредит од првиот повик општините досега искористиле 8%

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Заменик министерот за финансии Николче Јанкуловски, во емисијата Бизнис 21 кажа дека општините искористиле само 8% од првиот повик за унгарскиот кредит, додавајќи дека ќе бидат искористени повеќе, со оглед дека веќе се имаат потпишано договори и се очекува да завршат уште капитални проекти.

„Една милијарда евра кои ги позајмивме од Унгарија, пола се наменети за општините. Во делот на општините, реализацијата е 245 милиони денари до овој момент. Тоа е околу 8% од тие 77 милиони евра. “, изјави Јанкуловски.

За стопанските субјекти, Јанкуловски рече дека досега се искористени 84 милиони евра од предвидените 250.