Јанушев: Пендаровски да ја продолжи вонредната состојба, да не потпаѓа под притисоци на Заев

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев денеска побара од претседателот Стево Пендаровски да ја продолжи вонредната состојба, и да не потпаѓа под притисоци на Зоран Заев.

„Претседателе Пендаровски. Продолжете ја вонредната состојба. Секоја друга одлука од тоа ќе биде само признавање дека одлуката е политичка, и дека се потпаѓа под влијание на Зоран Заев“, рече Јанушев кој уште еднаш повтори дека прво треба да се среди оваа здравствена криза, па потоа да се мисли на избори.

„Оливер Спасовски и Зоран Заев се неспособни да се изборат со оваа криза. Тоа го покажуваат бројките“, вели Јанушев.