Јапонската влада ги повика Универзитетите да ги прифатат студентите после забраната за упис на Харвард

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Јапонската влада денес ги повика домашните универзитети да размислат за привремено прифаќање студенти запишани на американски колеџи, откако Вашингтон им забрани на странските студенти да се запишуваат на Универзитетот Харвард.

Потегот за поддршка на јапонските и другите странски студенти кои студираат во Соединетите Држави дојде откако Универзитетот во Токио претходниот ден објави дека размислува за прифаќање на меѓународни студенти од Харвард доколку тие се засегнати од политиките на САД, објави „Кјодо“.

Универзитетот во Кјото, исто така, објави дека ја разгледува можноста за прифаќање на меѓународни студенти и млади истражувачи од Универзитетот Харвард.