Јавниот долг на земјава ќе достигне 9,7 милијарди евра на крајот на годината или 62,7% од Бруто-домашниот производ, откри заменик министерот за финансии, Николче Јанкуловски во емисија „Бизнис 21“ на ТВ21. Тоа значи дека само за трите последни месеци од годинава, долгот ќе порасне за речиси една милијарда евра. Проценетиот БДП на кој е правена проекцијата изнесува 15,5 милијарди евра.
„62,7 е моменталната проекција, а до 30 септември беше 56,9 проценти, значи до 30 септември 8,8 милиони евра, до крај на година ќе биде повисок ха, Повисок на 9,7 милијарди евра. Но, имаме и добар план како да се справуваме со тој долг“, вели Николче Јанкуловски.
Јанкуловски посочи дека отстапувања имало поради усогласувања на плати со колективни договори, покривање на високи износи на доспеани, а неплатени законски обврски, како и од претходно договорени финансиски обврски за Коридорите 8 и 10д за Бехтел и Енка.
Експертите претходно алармираа дека јавниот долг галопирачки расте и може да надмине 70 проценти од БДП до крајот на годината. Реагираа дека се прекршува фискалното правило долгот да биде под 60 проценти од БДП.
