Јажинце 30 години чека лекар – Таравари решението го гледа во телемедицина

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Оваа амбуланта во селото Јажинце во општина Јегуновце е изградена пред 30 години од самите жители, но веќе три децении не работи оти нема лекар. Секогаш пред избори овде поминуваат сите партии, но и министрите кои им ветуваат лекар, штом завршат изборите жителите се заборавени и треба да патуваат во други општини за да добијат медицински услуги.

„Што се однесува до амбулантата, дури и онаа што ја гледате ние жителите ја изградивме пред триесет години со наш придонес. Многупати сме упатиле барања, поминале три-четворица министри со многу ветувања и ништо не е завршено. Жителите во Тетово, Вратница, Теарце кои можат, некои имаат, некои немаат услови за патување. Плус сега населението остаре и не може да се издржува. Овој објект има струја, инвентар, се, потребен е само лекар и компјутер, но нема“, вели Нафи Беџети.

„Како не ни треба? Ни треба многу, немаме лекар, имаме околу 400 куќи. Имаме старец, и на преглед одиме во Тетово, се гледа како сме, ни треба доктор, да ни треба и патот ама никој не ни помага, ни требаат многу работи овде“.

„Јажинце има голема потреба бидејќи жителите се принудени да одат или во Вратница или во Теарце, никој не ни дава инекции, пред 30 години ветуваа амбуланта овде, ни рекоа ќе донесеме, ќе донесат, скоро 20 години чекаме…“

И министерот за здравство Арбен Таравари вети лекар за овие жители, но во помодерна форма, преку телемедицина. Тоа значи дека наместо докторот во селото, медицинска сестра за нега и компјутер со интернет. Тие ќе го направат прегледот и ќе ја советува медицинската сестра каков третман треба да му се даде на пациентот.

„Имаме идеја за развој на телемедицина. Што значи ова, мислиме дека сè уште немаме акционен план, но подготвуваме во руралните средини каде што има малку луѓе, таму да ангажираме сестра и лекар во Тетово и Скопје да има центар со ангажиран лекар кој ќе дава медицински услуги во далечина. Нешто што бара директен преглед од лекар, ќе биде испратен автомобил да го земе пациентот. Имаме добар интернет во Македонија, ќе се постави добар екран и ќе се ангажира сестра која ќе биде во онлајн комуникација со докторот во Тетово и на овој начин да ги избегнеме проблемите и немањето амбулантни возила во руралните средини“, вели Арбен Таравари.

Во Јажинце има околу 400 куќи, додека според жителите, поради миграцијата дома останале само старите лица и нема кој да ги однесе на лекар во друга општина или во градот Тетово, кој е оддалечен 30-тина километри.