Јажинце и натаму без лекар – Сали: Обидите се неуспешни

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за здравство Беким Сали тврди дека неколку пати се обидел да најде лекар за амбулантата во тетовско Јажинце, но безуспешно!

-Всушност, неколку пати се обидов да најдам кадар кој ќе се вработи таму или ќе се ангажира за давање здравствени услуги на сите жители кои живеат во околината на Јажинце, но за жал поради моделот на финансирање на таа клиника кој се базира на капитација, новите лекари таму не прифаќаат да регистрираат со капитација, новите лекари не успеале да регистрираат пациенти за да стигнат до одредена бројка за функционирање на таа амбуланта-рече Сали.

Според Сали, ова не е единствениот случај, бидејќи во последните 10 години многу лекари се пензионирале, додека младите не сакаат да работат во руралните средини.

-До пензионирањето на старите лекари и ангажманот на нови лекари, интересот за формирање на примарна институција е паднат на многу ниско ниво, но оваа тешкотија дефинитивно ја имаме како министерство, како креатор на здравствени политики, да го смениме моделот на финансирање-рече Сали.

Јажинце 30 години нема здравствени услуги. Има објект за амбуланта, но нема матичен лекар, додека жителите се принудени да патуваат во други села или преку 35 километри да одат на лекар во Тетово.