Јеремиќ: Нема да има суштински промени на политиката на САД кон Балканот доколку се смени власта

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Поранешниот министер за надворешни работи на Србија, Вук Јеремиќ во вечерашното специјално издание на „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека нема да има суштински промени на политиката на САД кон Балканот доколку дојде до смена на власта.

„Мислам дека нема да има суштински промени на политиката кон Балканот, доколку дојде до персонална промена. Сепак, Балканот е едно релативно низок приоритет за американската политика“, посочи Јеремиќ.