Јеремиќ во “ClickPlus”: Ќе нема суштински промени на Балканот и доколку се смени власта во САД

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Поранешниот министер за надворешни работи на Србија, Вук Јеремиќ во синоќешното специјално издание на „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека нема да има суштински промени на политиката на САД кон Балканот доколку дојде до смена на власта.

„Мислам дека нема да има суштински промени на политиката кон Балканот, доколку дојде до персонална промена. Сепак, Балканот е едно релативно низок приоритет за американската политика“, посочи Јеремиќ.