Јетон Беќири не е повеќе тренер на Шкендија!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Шкендија и тренерот Јетон Беќири ја прекинаа соработката, и тој нема да го води тимот во следната сезона. Договорот на тренерот беше истечен, по што тетовскиот тим му се заблагодари на досегашната работа.

По заеднички преговори, тренерот и клубот се решија да се разделат, и затвораат важно поглавје во поновата историја. Беќири на чело на Шкендија го направи најголемиот успех на тимот во Европа на еден македонски клуб, пласирајќи се во плеј-офот во Лигата на конференции, односно обезбеди европска пролет за еден македонски тим на меѓународна сцена.

Беќири го презеде тимот во јануари 2024 година, и го водеше тимот до шампионска титула во сезоната 2024/25. Потоа се пласираше во групната фаза во Лигата на Конференции, и обезбеди пласман во нокаут фазата.

„Сите во Шкендија му се заблагодаруваме на Јетон Беќири аз неговиот придонес, и му посакуваме здравје и успех во следните успеси“, стои во објавата на Шкендија.