Јетон Шаќири: „До крајот на мандатот покриеност на 70% од главните коридори и патна мрежа на државата со 5Г сигнал“

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Автономни возила, паметни градови, операции и дијагностика кај пациенти на далечина, машини што управуваат со други машини, поврзани дронови се само дел од придобивките кои ќе ги имаме со 5Г мрежата.

„До крајот на 2020 година се подготвуваме за студија за изводливост за изградба на национална оптичка мрежа имаме реализирано контакти и за овој дел од програмата, а до 2023 година во програмата ни е целосна покриеност на најмалку еден град со 5Г сигнал, до крајот на мандатот ќе обезбедиме покриеност на 70% од главните коридори и патна мрежа на државата со 5Г сигнал“, вели за ТВ21, министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири.

За се ова е предвидена контрола и соодветна регулатива која ќе гарантира безбедност на граѓаните , убедува министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири во емисијата 21 Tech .

За став дали треба да се инсталира 5Г мрежа ги прашавме и граѓаните.

Со влегувањето во НАТО почнаа  да се шират и голем број на дезинформации поврзани со оваа тема. Тоа директно го поткопува правото на граѓаните да донесат одлука врз основа на факти и точни аргументи, велат од мрежата за следење и откривање лажни наративи.

„Оваа приказна се интензивираше на 25, 26 и 27-ми март. И ова исто така не ме изненадува бидејќи на 27-ми март Северна Македонија стана официјална членка на НАТО, а исто така тие денови бевме во исчекување и беше одлучено да добиеме датум за отпочнување на преговори со ЕУ“, вели Росана Алексоска од F2N2.

Таа предупредува дека во следниот период треба да се очекува да се покренат и други теми и прашања кои ќе се доведат во корелација со корона вирусот. Според неа, во време на пандемија и глобална криза, дезинформациите мора да се разгледаат и од аспект на нивните ризици.

На одредени веб страници покрај лажни вести за коронавирусот се објавувале и информации за 5Г технологијата. Од социјалната мрежа Фејсбук објаснуваат дека постојано се реобјавувале содржини и од сестрински сајтови во обид вештачки да го зголемат својот досег. Голем дел од тие страници сега се укинати.