Потпретседателот на Стопанската комора, д-р Јелисавета Јовевска во „Click Plus“ на ТВ21 изјави дека државата сега располага со ограничени средства и се прави распоред на силите.
„Коронакризата негативно се одразува на секој буџет на државите, па секако и на нашата, и од таму станува јасно дека во ваква состојба државите располагаат со ограничени финансиски ресурси“, истакна Јовевска.
Таа додаде дека компаниите треба да знаат дека следуваат и други мерки во зависност од ситуацијата.
„Компаниите треба да бидат информирани дека и во иднина ќе постои еден целосен пакет на мерки коишто секако ќе се реализираат во фази“, посочи Јовевска.
