Јутјуб го блокира официјалниот канал на белорускиот Истражен комитет

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Американски Гугл, матичната компанија на најпопуларната светска платформа за споделување видео материјали ЈуТјуб, го блокираше официјалниот канал на белорускиот Истражен комитет.

Јулија Гончарова за руските меидуми изјави дека налогото на ЈуТјуб е блокиран поради прекршување на правилата на заедницата.

-Каналот содржеше видео клипови за случаи од висок профил, материјали за борбата против криминалот, борбата против кибер криминалот и трговијата со дрога, видеа со презентации и други општествено значајни податоци, рече Гончарова, наведувајќи дека на него имало 23.000 претплатници.

Со скриншот подоцна објавен од Истражниот комитет беше откриено дека Гугл ја донел ваквата одлука поради „политиката за ограничување на извозот и санкциите кон компанијата“, истакнувајќи дека налогот „не може да се врати“.

Американската Канцеларија за контрола на странски средства (OFAC) претходно годинава белорускиот Истражен комитет го нарече „владина организација на чело на постизборната репресија“, обвинувајќи го за истраги на „политички мотивирани криминални случаи“.

Тие потоа одлучија да го стават владиното тело под економски санкции, како и неговиот претседател Дмитриј Гора и неговите тројца заменици.

Вашингтон го обвинува Истражниот комитет дека незаконски ги напаѓал организациите за човекови права, како и на дисидентот Роман Проташевич.

Блокирањето го поздрави Франак Виачорка, истакнат помошник на поранешниот претседателски кандидат Светлана Тихановскаја, кој го обвини владиното тело дека е „вмешано во репресија“ против граѓанското општество.