Јувентус ги стави играчите во карантин откако беше утврден коронавирус кај тројца фудбалери од противничка екипа

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Целиот тим на Јувентус за играчи до 23 години ќе биде во карантин до 8-март, објави инталијанскиот клуб. Одлуката е донесена откако беше утврдено дека тројца играчи на тимот Пианезе се заразени со новиот вирус Ковид 19.

Тимот на Јувентус за играчи до 23 години се натпреварува во Серие Ц, каде што се натпреварува и Пианезе. Свој меѓусебен дуел овие две екипи одиграле на 23 февруари. Денеска беше откриено дека тројца играчи на оваа екипа имаат коронавирус.

Поради тоа Јувентус ги суспендираше на одредено време сите активности на нивната екипа за играчи до 23 години, а фудбалерите и целиот стручен тим ќе бидат во карантин до 8 март, односно додека помине инкубацијата на вирусот.

Извор: SPORTM.mk