На 23.10.2026 во 16:20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Ферид Бајрам“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.В.(60) од Скопје и велосипед управуван од Б.И.(75) од Скопје, соопштија од МВР.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, додека со телесни повреди возачот на мопедот Д.В., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ и Јавна здравствена установа „Свети Наум Охридски“ во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје“, се вели во соопштението.
