Вршителот на должноста претседател на Јужна Кореја Чои Санг-мок прогласи седумдневна национална жалост до 4 јануари 2025 година поради авионската несреќа во која загинаа најмалку 177 луѓе.
По вонредниот состанок на државниот самит, Чои ја објави одлуката за прогласување на неколкудневна национална жалост, пренесува Ројтерс.
Во авионската несреќа на патничкиот авион Боинг 737-800 на јужнокорејската компанија Џеџу Ер на релација Бангкок до Муан, во која имаше 181 лице, најмалку 177 лица загинаа, две лица се спасени, а двајца се водат за исчезнати.
