Јужнокорејската полиција отвори истрага за бунтот против претседателот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Јужнокорејската полиција денеска објави дека отворила истрага за „бунт“ против претседателот Јун Сук-јеол, по неговиот неуспешен обид да воведе вонредна состојба. „Случајот е во тек“, рече началникот на полицијата Во Конг-су.

Јужнокорејскиот претседател денеска нема да и се обрати на јавноста, изјави неговиот претставник за медиуми.

Шефот на државата последен пат јавно проговори вчераутро кога мораше да се откаже од обидот да воведе вонредна состојба во земјата, обвинувајќи ја опозицијата дека го контролира парламентот, сочувствува со Северна Кореја и ја парализира владата со антидржавни активности.

Опозициските партии во парламентот на Јужна Кореја вчера објавија дека поднеле барање за импичмент на претседателот по неуспешниот обид за воведување вонредна состојба.

Гласањето е закажано за в сабота.