Јужнокорејскиот министер за одбрана понуди оставка, ја презема одговорноста за превирањата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за одбрана на Јужна Кореја, Ким Џонг Хјун денеска и се извини на јавноста за создавање загриженост за воведување воена состојба и понуди оставка.

„Му понудив оставка на претседателот, преземајќи ја одговорноста за сите превирања предизвикани од воената состојба“, напиша тој во писмената изјава доставена до јужнокорејските медиуми, пренесува Јонхап.

Јужнокорејскиот претседател Џун Сук Јеол прогласи воена состојба во вторникот „за да се искоренат просевернокорејските сили и да се заштити уставниот поредок“, што предизвика незадоволство кај мнозинството пратеници во Собранието кои гласаа за Резолуцијата со која се бара укинување на воената закон.