Каде „избегаа“ гласовите на СДСМ – од 57 градоначалници во 2017-та, сега сигурни само во 9 општини

НАЈНОВИ ВЕСТИ

31 општина добија градоначалници во првиот круг според првичните податоци на Државната изборна комисија,од кои 20 се од ВМРО-ДПМНЕ, а 9 од СДСМ. 

Во првиот круг од поголемите општини Неготино, Кавадарци, Велес, Прилеп, Свети Николе, Виница победија градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ. Додека општините како што се Берово, Валандово, Крива Паланка, Делчево, Крушево, Дојран, Струмица ги добија градоначалници од СДСМ. Во Охрид ВМРО-ДПМНЕ има 1920 повеќе гласови од СДСМ.  Во Битола кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ е со предност од 1 645 гласови.

Во Велес ВМРО-ДПМНЕ има  4 595 гласови повеќе од СДСМ. 1 599 е разликата во Гевгелија во корист на ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ води со 474 гласа во Кочани пред ВМРО-ДПМНЕ каде ќе има и втор круг.  3 875 е разликата во Штип со предност на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ. 3 469 е разликата во Струмица со водство на СДСМ.

7 542 е предноста на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп и најголема разлика во Кавадарци од 10.505 гласа во корист на старо новиот градоначaлник Митко Јанчев.

Битола:

  • Тони Коњановски од ВМРО-ДПМНЕ – 19.571
  • Христо Кондовски од СДСМ – 17.926

Велес:

  • Марко Колев од ВМРО-ДПМНЕ – 12.358
  • Ненад Коциќ од СДСМ – 7.763

Гевгелија:

  • Андон Сарамандов од ВМРО-ДПМНЕ – 6.064
  • Сашо Поцков од СДСМ – 4.465

Кавадарци:

  • Митко Јанчев од ВМРО-ДПМНЕ – 15.182
  • Горан Тодоров од СДСМ – 15.182

Кочани:

  • Љупчо Папазов од ВМРО-ДПМНЕ – 7.490
  • Николчо Илијев од СДСМ – 7.963

Охрид:

  • Кирил Пецаков од ВМРО-ДПМНЕ – 14.380
  • Константин Георгиевски од СДСМ – 12.460

Прилеп:

  • Борче Јовчески од ВМРО-ДПМНЕ – 22.196
  • Горан Сугаревски од СДСМ – 14.655

Струмица:

  • Жан Дрвошанов од ВМРО-ДПМНЕ – 10.291
  • Костадин Костадинов од СДСМ – 13.760

Штип:

  • Иван Јорданов од ВМРО-ДПМНЕ – 13.760
  • Сашко Николов од СДСМ – 13.085

Според ДИК, втор круг ќе има во 38 општини. Втор круг секако ќе има и во трката за Град Скопје, каде ќе се тркаат Данела Арсовска, независна кандидатка со поддршка од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива и Петре Шилегов од СДСМ, кој воедно има поддршка од гласачите на ДУИ, БЕСА и ДПА. Во првиот круг Арсовска има предност од околу 5 илјади гласови.

Колку за споредба, СДСМ во 2017-та освои 56 општини и Град Скопје, наспроти 5 на ВМРО-ДПМНЕ. Во првиот круг тогаш СДСМ победила во дури 37 општини и Градот Скопје, а потоа во вториот победила во уште 19 општини.