Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски за емисијата „10МИНУТИ“ на ТВ21 ја објаснуваше оправданоста од постоење на патарини на автопатиштата.
На прашање каде ќе има патарини и колку ќе чинат на автопатот Миладиновци – Штип, одговори:
„Секоја земја го наплатува автопатското возење. Во некои земји патарините се на влезовите, некои на патиштата, некои го решаваат преку винети, но секаде државата наплаќа за автопатско решение. Секое денар на некој начин се инвестира во одржување. Не сакам да гледам патишта со оштетени огради или затрупени со снег, и да нема механизација да дојде да исчисти. Токму тие пари се наменети за тие работи“, рече Бочварски.
Тој истакна дека плаќањето на патарини е вложување во безбедноста на возачите.
„Користење на автопат кај нас чини 2,57 денари од километар за лесни моторни возила, и се разбира за тешките товарни возила се други цени. Тоа треба да го гледаме во вложување за нашата безбедност, која сите граѓани треба да го имаат“, вели Бочварски.
