Продолжуваат судирите меѓу политичките партии за одговорноста за бегството на поранешниот војник на ОВК Блерим Рамадани од домашен притвор. СДСМ го обвинува МВР за бегството. Според нив, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски е неспособен да ја врши функцијата, бидејќи, како што додаваат, нема контрола над затворениците и јавната безбедност.
Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека реално целото прашање започнува со ослободувањето на Рамадани од притвор, од страна на судијата Пајазит Пајазити, кого го сметаат за близок до ДУИ и СДСМ.
Од ДУИ пак ја обвинија владата и коалицијата ВЛЕН, велејќи дека се обиделе да го екстрадираат Рамазан во Србија.
„Демократската унија за интеграција оценува дека пропаднал планот на Вучиќ и моноетничката влада за екстрадиција на поранешниот војник на ОВК Блерим Рамадани од Косово, кој се прогонува по наредба на српската влада, а беше уапсен во Скопје. Меџити и Таравари, губитници на изборите и омилени вазали на ВМРО, се пофалија дека го ослободиле Блерим Рамадани, измамувајќи ја албанската јавност“, велат од ДУИ.
По овие обвинувања реагираше и коалицијата ВЛЕН. Тие даваат детали за, како што велат, како ДУИ преку инсталации во судството се обидела да предизвика влошување на односите со Република Косово, жртвувајќи го дури и Блерим Рамадани.
„Абазиското“ обвинителство, за да ја спаси својата глава, одлучи да склучи договор со овие лица, олеснувајќи им ги процедурите и казните, додека судството го прифати “договорот” со истата рамнодушност и недостаток на морал. Г. Мемети, некогаш вториот највлијателен човек во Советот на јавните обвинители, пред само три месеци изјави дека не направил ништо незаконско и не уверуваше дека вистината ќе излезе на виделина. И еве, денес јасно е дека вистината била сосема поинаква“, велат од Влен.
Инаку, вчера Судскиот совет одлучи да формира посебна комисија за бегството на Блерим Рамадани. Оваа комисија ќе треба да испита каде е ослободувањето и ќе ги испитува одлуките на судиите за пуштање на Рамадани во куќен притвор.
