Каде остана ветениот „Оне стоп шоп“? – Со Албанија ќе почне за 2 месеци, а со Косово во тек се преговорите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Најверојатно за  два месеца ќе биде пуштена во употреба „Оне стоп шоп“ на граничниот премин Ќафасан меѓу Македонија и Албанија, најавува министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, посочувајќи дека за ваков модел на граничен премин се преговара и со  Косово, и дека се чека разговорите да бидат завршени за 2 месеци.

Пред неколку дена во ТВ21, првиот вицепремиер, Артан Груби, изјави дека преговорите со Косово се при крај за договорот “Оне стоп шоп”

„Се надеваме дека за два-три месеци ќе заврши и постапката за Оне стоп шоп поради тоа што се сретнав со г. Џелал Свечла во Приштина, на денот на независноста на Косово и се договоривме за да продолжат постапките за да се надмине недоразбирањето кое…дали ќе биде во територијата на Македонија или Косово, каде ќе биде поставен? Го надминавме тоа прашање и сега почнале тимовите…што е одлучено дали ќе биде во делот на Скопје? …тимовите ќе се договорат каде ќе биде најлесно“, вели Артан Груби.

 Прашавме и од Царинската управа до каде се процедурите за едношалтерскиот систем со Албанија и Косово.

Договорот со Албанија е во фаза на имплементација на граничниот премин Ќафасан, и во моментов е во тек усогласување на инфраструктурниот протокол помеѓу двете страни. Во врска со воспоставување на One Stop Shop концептот со Косово – на граничниот премин Блаце, започнати се преговорите за склучување на договор и истите се во тек.

Инаку, во август 2019 година овој модел беше промовиран со Србија. Овој концепт има за цел да го забрза движењето на луѓе и стоки.