Ректорот на Универзитетот Св. Кирил и Методиј додели награди за најуспешните студенти во академската 2021/22 од секој факултет при УКИМ. Некои од нив дипломирале со просек 10,00 но колку се заинтересирани да работат во земјава? Студентот Ристо Савески од Филозофскиот факултет смета дека за успехот и знаењето стекнато овде треба да и возврати на земјава.
Јована Спасиќ од Факултетот за Драмски уметности со поплаки дека за неа и за областа од која таа следела студии, нема добри услови за развој и работа и иднината не ја гледа во Македонија.
А кога сме кај глумата, деканот на Факултетот за драмски уметности Бесфорт Идризи вели дека студентите кои студираат уметност немаат волја да останат во земјава бидејќи многу малку се инвестира во областа на културата.
„За жал студентите и младите општо најчесто се гледаат себеси во странство отколку тука. Тоа е феномен кој се случува веќе неколку години по ред и областа на културата не е исклучок. Забележувајќи ја ваквата состојба, секако дека првата идеја за нивната држава ќе биде дека оваа земја не е толкав љубител на уметноста и на прво место во нашата држава се другите сектори а културата е последната работа на која се мисли“, вели Бесфорт Идризи.
Според податоците на Заводот за статистика, во 2022 година на додипломски студи дипломирале 7 483 студенти, што претставува намалување за 3.5% за разлика од 2021 година.
