Каде се 30% од жените во ДУИ?! – Елези: Болно, ДУИ беше партија која ја промовира улогата на жената

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Од вкупно 16 секретаријати, само со два ќе раководат жени. Вака реагираше поранешната шефица на форумот на жени на ДУИ, Наиле Елези. Незадоволна од застапеноста на жените во партиските структури, таа за ТВ21 вели дека жените треба да се вклучат од локално ниво до највисоко партиско тело за да има посилен женски глас во тие тела.

„Болно е што во 2022 година, по сите тие процеси низ кои поминавме заедно, а токму ДУИ е и беше партијата што ја промовираше улогата на жената, денес, дури и кога имаме статутарен механизам, таму да нема вклученост на жените во партиските тела, не само во секретаријатот туку  на сите нивоа“, вели Наиле Елези.

Елези оценува дека жените би донеле поинаква енергија и дебата, особено во руралните средини. Но, зошто се случува оваа неинклузивност, дали жените имаат амбиции да бидат лидери или да бидат на раководни  позиции?

„Нормално не може да се впери  прст само на една страна, ние и самите мораме да  влијаеме, сепак верувам, се надевам и мислам дека има простор за поголем ангажман на жените во партиските органи, бидејќи јас уште од 2007 до 2019 година бев во централното раководство, дури и кога имавме 21 член, раководеа три жени, денес имаме 37 членови на централното раководство и имаме 5 жени во раководство. Сметам дека има простор за поголема вклученост на жените бидејќи денес имаме и квалитет и квантитет, но и желба од страна на жените да се вклучат во процесот“, посочи Наиле Елези.

Вицепремиерот Артан Груби, кој сега е реизбран за шеф на кабинет на претседателот на ДУИ, вели дека повеќе од која било друга партија ја промовирале улогата на жената во политиката, иако тоа не соодветствува со реалноста.

„На последниот конгрес решивме, по иницијатива на господинот Ахмети, форумот на жени да се спои во партиски структури, од локалниот совет, огранокот, генералниот совет. Сакате да го споите форумот и давате само два секретаријати. Затоа е инаугуриран секретарот за еднакви можности на половите, зборуваме за жени и мажи и форумот на жените да не функционира надвор од партиските органи“, порача Артан Груби.

Инаку, ДУИ во моментов нема ниту министер жена, ниту заменик министер жена, ниту градоначалници жени. Покрај двата секретаријати со кои ќе раководат жени, на последниот конгрес за потпретседател беше избрана Арбана Пашоли, секретар за еднакви можности Саранда Имери, додека меѓу 24-те членови на Претседателството има две дами Теута Арифи и Ардита Дани.