За Африм Гаши е поприфатлива коалицијата со Алијанса или БЕСА?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Гаши во интервју за ТВ21 објаснува што се случи со движењето БЕСА и што сега е различно откако Алтернатива се обедини со Алијанса за Албанците.

„Па видете, вие знаете, а и поголемиот дел од граѓаните знаат дека јас бев еден од основачите на Беса. Тоа беше една политичка несреќа или трагедија која ни се случи нам кои бевме основачи и ја сакавме многу. Го формиравме ги го издигнавме тој субјект. Го именувавме сето ова со најголема љубов. Но, разните интервенции влијаеа да ни го одземат името и да ни ги одземат печатите. Но, јас мислам дека главниот поттик на една политичка партија е идејата и луѓето. А, што се однесува до идејата и луѓето, над 90% од луѓето, а идејата 100% е тука денес. Го сменивме името на партијата, но луѓето, гласачите, симпатизерите се истите. Нашата коалиција со Алијанса за Албанците беше еден важен момент за албанските гласачи. Во 2016 година на некој начин гласачите почнаа да мислат дека ДУИ е многу силна политичка партија и дека без да се обединиме не може да се победи“, изјави Африм Гаши во изборната емисија на ТВ21

Ku dallon #Besa nga #AleancaPërShqiptarët? Flet kreu i #Alternativës #AfrimGashi në #DebatZgjedhor në #TV21

Gepostet von TV21 am Montag, 6. Juli 2020