Кадетите светски шампиони во ракомет, злато за Македонија – сребро за девојките

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Машката кадетска репрезентација на Македонија е нов светски училишен шампион, откако во финалето во Скопје ја совлада селекцијата на Израел со 38:32.

Младите ракометари одиграа одличен турнир и со сигурна игра во финалето заслужено се искачија на тронот, потврдувајќи го својот квалитет, борбеност и тимски дух.

Претходно во текот на денот, и женската репрезентација оствари значаен успех, освојувајќи сребрен медал, откако во финалето беше поразена од Хрватска.

Со овие резултати, македонскиот ракомет забележа силен настап на Светското училишно првенство кое се одржа во Скопје.