Дељо Кадиев, адвокат на Катица Јанева после рочиштетот на кое е поднесена кривична тужба против Бојан Јовановски за фотографии од приватниот живот на Катица Јанева, истакна дека висината на казната не е толку важна колку што е важно дека е земен замав со неовластено снимање и фотографирање, и потоа се користи за свои цели.
„Денеска бевме во предметот кој што е заведен по приватна кривична тужба на Катица Јанева кон Бојан Јовановски, поднесена откако Катица увиде дека во телефонот на Бојан има снимки од нејзиниот приватен живот кои потоа се нарушува и принцпот на заштита на приватност.
Превидена е казна на три месеци затвор, но не е тоа поента. Катица ценеше дека премногу е замав, дека се снима неовластена, и потоа се користи за свои цели.
Судот ценеше дека треба да закаже главна расправа, иако мислам дека немаше потреба за такво нешто.
„Станува збор за 22 фотографии кои се наоѓаа во телефонот на Бојан. Не поднесовме за повеќе, иако имаше повеќе фотографии и снимки. Направени се на повеќе места, претежно во домот, но има и во ресторан. Сите фотографии беа дел од „Рекет“, изјави Кадиев.
