Кадрите на Алтернатива се подготвуваат – Груби: Честитки за храброста и одговорноста што ја презедоа

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Веќе се познати дел од имињата на кадарот на Алтернатива кои ќе раководат со МЕПСО, Министерството за здравство, Министерството за информатичко општество и Тетовската болница. Внатрепартиските извори на ТВ21 неофицијално веќе потврдија за кои ресори станува збор, додавајќи дека в петок ќе се одржи средба на Централното раководство на која ќе бидат дефинирани сите имиња и ресори кои ќе ги добие партијата на Гаши, со самиот факт што стана дел од Влада.

МЕПСО – Орхан Муртезани
Министерство за здравство – Беким Сали
Министерство за информатичко општество – Адмирим Халити
Заменик-министер за образование- Љуљзим Алиу
Директор на Клиничката болница во Тетово – Амир Елези
Фонд за пензиско и инвалидско осигурување – Тетово

Договорот на Заев и Гаши ги „допре“ и ресорите на ДУИ, која е во коалиција со СДСМ. Но, како партијата на Ахмети го коментира делот кој ѝ припадна на Алтернатива? Артан Груби вели дека Гаши преговарал за функциите само со Заев, додавајќи дека ги охрабрува Муртезани и Сали што во ковид-пандемијата и енергетската криза ќе управуваат со овие институции.

-Да се понесе одговорност. Јас лично не го познавам кадарот на Алтернатива, но мислам дека е многу важно сносењето одговорност на сред енергетска криза, во енергетски ресурс и здравствена криза. Особено во Министерството за здравство, по Венко Филипче, посакувам да бидат исто толку успешни-рече Груби.

Груби вели дека со доаѓањето на Алтернатива во Влада, ДУИ добила стабилност на парламентарното мнозинство за развивање на своите програмски прашања, не само на ДУИ, туку и на Владата воопшто, а земјава пак, добила стабилност и време за реализирање на проектите.