Тогашната техничка влада на Оливер Спасовски намерно ја доведе Еуростандард банка до банкрот. Вака обвини сопственикот на банката Трифун Костовски на прес-конференција заедно со експерти од Словенија и од Хрватска.
Тој обвини дека парите што биле подигнати од банката како небезбедни кредити, најмногу оделе за фирми од Струмица, во близина на СДСМ.
Костовски смета дека сè се случило кога Владата започнала соработка со Комерцијалната банка, соработка која, според него, ја иницирала Народната банка.
Експертот Драго Кос вели дека имало и има синџир во ова истражување, тоа е Народната банка и Комерцијалната банка, никој во државата не се интересирал за оваа шема да ја истражи, вели тој.
„Вашата сегашна и мината влада не беа заинтересирани да истражуваат за оваа незаконска шема за финансирање. Не се знае кој ја направи проценката за банкарски кредити, во нормална држава, истата ја прави државата, затоа никој не сака да ја истражи оваа шема“, вели Драго Кос.
Еден од експертите кој бил вклучен во истражувањето вели дека е интересно како една банка може да дојде до ваква измама.
„Во овој случај, банката беше таа што ја иницираше оваа шема и го иницираше ова кредитирање. Префрлала пари на таа фирма и на неколку други фирми. Начинот на кој тоа било направено со градежната компанија, во тој момент во 2004 година беше просперитетна, градеше згради“, посочи Ирена Франчековиќ.
Прашан дали знае точно каде завршуваат парите што се земени како небезбедни кредити, тој рече дека најголем дел завршиле во струмичките претпријатија, фирмите на познатиот струмички бизнисмен Ристо Крмзов, но Костовски рече дека нема никаква врска со тоа.
