Со години кружат легенди и научни теории за тоа како и на кој начин да се избере лубеница.
Секако, единствениот и правилен начин е да го отворите, да се уверите колку е месести, црвен и сладок, но секако тоа не е секогаш можно. Затоа луѓето со години се обидуваат да ги најдат вистинските совети како да ја проверат сладоста и зрелоста на ова популарно летно овошје.
Заборавете на чукање на лубеница, ова се опциите со кои не можете да погрешите:
Ако забележавте дамка на површината на лубеницата, тоа е добар знак. Го претставува местото каде што лубеницата лежела на земја за време на созревањето.
Најзрелите лубеници имаат жолтеникава дамка, додека оние кои се со бела или светло зелена боја треба да се избегнуваат бидејќи се набрани пред да созреат. Не купувајте лубеница која нема никакви дамки на површината.
Површината на лубеницата треба да има темно зелена боја, тврда на допир, мазна и без видливи оштетувања. Мека површина е сигурен знак дека плодот почнал да гние.
Избегнувајте ја исушената површина која ја изгубила сета своја сочност и сладост. Овошјето треба да биде асиметрично, а оние со необични грпки оставете ги на некој друг.
Носењето тешка лубеница дома од продавница можеби не е вашата омилена активност, но на најтешкото овошје треба да му се посвети најмногу внимание.
Дури 92 отсто од лубеницата е вода, па така најсочните плодови се и најтешки. Соберете неколку лубеници со иста големина и однесете ја најтешката дома. Тоа ќе биде најслатко и најсочно, пренесува City Magazine.
