За идниот технички премиер Талат Џафери не е важно кој ќе ги заземе позициите во извршната власт за време на неговата влада. Ова во емисијата Клик Плус на ТВ21, додавајќи дека е важно лицата кои ќе бидат номинирани да бидат вистинските и да немаат проблеми со законот. Но, со кого Џафери ќе го состави кабинетот на техничката Влада и дали Артан Груби ќе остане вицепремиер?
Како и со ВМРО и без ВМРО г. Груби останува ваш вицепремиер, кога ќе станете вие премиер?
„Јас немам проблем со поединечни имиња, било кој и да е. Немам апсолутно никаков проблем. Ниту со било кој може ВМРО….? Немам проблем со кого ќе соработувам, прашањето на кабинетот е прашање на комуницирање меѓу лидерите и меѓу субјектите. Не е прашање дали јас ќе го вратам, туку дали има проблеми или не со законот.“, вели Џафери.
Изборот на Џафери за технички премиер, албанската опозиција го гледа како комбинација со македонската страна, за да не се акумулираат две високи позиции од Албанците. А за Изет Меџити од ЕСП, оваа функција нема тежина, бидејќи како што додава станува збор само за организирање на изборите.
„Се зазема позицијата технички премиер, тие не добиваат политички премиер, значи ќе биде влада само во функција на организирање на изборите кои мора да следат. Нема да има можност за политички одлуки ниту за доброто на граѓаните. Едноставно како организатор на следните избори, накратко, биографијата на Џафери ќе се збогати, но животот на граѓаните нема да се подобри.“, вели Меџити.
Во меѓувреме, во однос на изјавите на македонската опозиција, ВМРО-ДПМНЕ, дека Џафери е недостоен за премиерската функција и поради оваа причина, актуелниот претседател на Собранието рече дека истата партија кога била на власт прифатила тој да раководи со Министерството за одбрана.
