Родител на дете кое е припадник на ЛГБТ заедница за прв пат синоќа пред камера зборуваше јавно, прашавме зошто одлуката е донесена токму сега?
„Простоќе кажам имам желба и обврска да проговорам за да ги охрабрам родителите , да почнат отворено да зборуваат на оваа тема и истовремено да се обидеме да напраивме нешто што се вика групи за поддршка, тоа е следниот чекор кој што јас би сакала да се случи“, истакна Славица Гајдаѕис Кнежевиќ.
Мирјана и Ѓорѓи се од Македонија, но живеат во Австралија. Во Click Plus и тие ја раскажа приказната за нивниот син кој е припадник на ЛГБТ заедницата.
„Нашето искуство е малку поинакво. Со нашиот син имавме разговори за неговата сексуланост уште однеговите тинејџерски години. Кога ни кажа дека е геј, тоа беше некаде во неговите навистина рани тинејџерски години и фактот дека живееме во развиена земја, немаше некои трауми, немаше некои проблеми посебни“, велат Ѓорѓи и Мирјана Фотевски.
Славица не само што е родител на дете кое припаѓа на ЛГБТ заедниата, туку 30 години работи и со лица со различна сексуална ориентација.
„Тој имаше 20 години кога тој тоа ми го кажа, студираше во странство и јас бев во посета кај него, јас до ден денеска ја паметам мојата реакција и многу ми е жал, заради него, заради тоа што тој е прекрасно дете и не заслужи да добие таква реакција од моја страна. Јас бев шокирана“, вели Славица Гајдаѕис Кнежевиќ.
Гостите во Click Plus моменталната состојба во образованието како и прифаќањето на ЛГБТ лицата ја оценија како катастрофална, ги поздравија реформите за воведување сексулано образование од најмала возраст.
