Петмина кандидати за шеф на ОЈО ГОКК, изборот на 28 октомври

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Петмина јавни обвинители досега поднеле кандидатури за нов основен јавен обвинител на ОЈО ГОКК, потврди претседателот на Советот на јавните обвинители, Башким Бесими.

Меѓу кандидатите се Јове Цветановски, Трајче Пеливанов, Лидија Раичевиќ, Искра Хаџи-Василева и Фатон Азизи.

Советот во петок ќе формира комисии за спроведување на постапката, а изборот на новиот шеф на ОЈО ГОКК е предвиден за 28 октомври. Новиот избор следува по истекот на мандатот на актуелниот раководител Ислам Абази.