Колкаво ќе биде влијание што руската инвазија врз Украина ќе го предизвика врз економијата во земјава и во светот воопшто. Извршниот директор на Стопанската комора на Северозападна Македонија Дрилон Исени во вчерашниот магазин на ТВ21 Клик плус, очекува дека тоа најмногу ќе се почувствува во енергетиката. Европскиот пазар во голема мера се снабдува со гас и нафтени деривати од овие земји од кој ние многу зависиме како држава вели Исени.
„Во областа на енергетиката знаеме дека 40 проценти од гасот во Европа и 25 проценти од нафтените деривати доаѓа од овие земји и секако дека ова ќе се рефлектира и во европскиот пазар од кој ние многу зависиме како држава.Понатаму, се нарушува ланецот на снабдување и ова ќе се рефлектира силно во светската економија и секако може да резултира и со намалување на снабдување со храна. Знаеме дека Украина и Русија ја сочинуваат 30 посто од светскиот извоз на пченица, 19 отсто од извозот на пченка и 80 посто од сончогледовото масло“, истакна Дрилон Исени.
Синиша Наумовски од Советот на Народната банка смета дека инвазијата на Русија врз Украина нема значително да се одрази на македонската економија, но индиректно ќе има влијание. Македонските банки не се директно поврзани со руските, вели Наумовски.
“Директно влијанието нема да се одрази силно врз македонската економија, но индиректно, не знаеме што ќе биде фит-бекот во однос на европските земји, а ние сме суфицитарно зависно од трговската размена со Сојузна Република Германија. Јас тука можеби би ги проектирал моите ризици бидејќи знаете колку германски компании имаме во технолошко индустриските зони кои што, не знаеме тука како ќе оди. Да не заборавиме Русија е најголем извозник во Европа во енергија и метали“, посочи Синиша Наумовски.
Македонската економија не е директно поврзана со руската. Трговијата е околу 2 проценти од вкупната трговска размена. Странските директни инвестиции се 0,5 проценти и девизните дознаки кои се значаен мотиватор на македонската економија, односно руските дознаки во Македонија учествуваат со само 0,1 процент.
