Собранието се уште го очекува официјалното известување од ВРЕДИ дека нивната пратеничка група во иднина ќе дејствува без пратениците на Алијанса за Албанците на Таравари, а нов координатор ќе биде Беким Ќоку. Пратеничката група сега ќе брои деветмина пратеници, изјави за ТВ21 Ќоку, но додаде дека очекува тие и натаму да соработуваат.
-Овој политички субјект сега има 9 пратеници но нормално дека се добредојдени и другите пратеници. Ние продолжуваме да имаме добри односи со пратениците на АА, бидејќи бевме заедно дел од една група, сме воделе заедничка битка во парламент, но и претходно. Пратениците се на мислење да останат антикорупција, анти криминалот и анти црната листа и тие пратеници се добродојдени да ја продолжат битката против ова криминогена структура, изјави Беким Ќоку од ВРЕДИ.
Како што и претходно најави Халил Снопче од Алијанса за Албанците на Таравари, своја пратеничка група ќе формираат и тие, но чекаат првиот чекор да го направат претходните партнери од коалицијата. Се обидовме да го добиеме Снопче за да одговори на прашањата околу нивната пратеничка група и дали тие се компактни со оглед на изјавата на Ќоку, но тој не одговараше на нашите повици. По вчерашната средба на Таравари со Мицкоски, од ВМРО-ДПМНЕ велат дека се уште е можна опцијата Таравари да ја напушти власта, но не и неговите пратеници.
-Излегувањето на тие пратеници, колку и да бидат, не сум сигурен дека ќе бидат сите 5 нема да го загрози функционирањето на коалицијата. Не сум сигурен дека сите 5 ќе излезат бидејќи, повторно кажав има личности кои што имаат реноме и кои што сакаат да се согласат со принципите и вредностите на коалицијата, изјави Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ.
За сега нема најави за можни преминувања на пратеници од коалицијата Европски фронт во насока за зајакнување на владејачкото мнозинство. Пратеникот од Турската партија Сали Мурат кој е дел од оваа коалиција вели дека не размислува на такво нешто, рече дека власта е нелегитимна и затоа повика на предвремени избори.
-Тие воспоставиле коалиција помеѓу мајсторот и чиракот, затоа што тие знаат дека самиот Арбен Таравари призна дека 70 посто од гласачите немаат доверба во нив, дека не се ценети во нивните коалициони редови и Македонија според мене со ова ќе оди во политичка криза и ние повикуваме на предвремени избори, изјави Сали Мурат од Европски фронт.
Прегрупирањата во Собранието започна со несогласувањата, а потоа и разединувањето на ВРЕДИ со Алијанса за Албанците на Таравари, со што и двете страни најавија свои пратенички групи.
