Како пратениците стигнаа на работа? – Некој пеш, некој со велосипед, но имаше и такви кои дојдоа со автомобил

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Иако беше најавено блокирање на сите патишта што водат кон Собранието, пратениците за седницата пеш се упатија кон законодавниот дом. Пред почетокот на протестот во 9 часот наутро, дел од пратениците пристигнаа пеш, а некои и со велосипеди.

„Денеска дојдовте пеш?

Јованка Тренчевска: Добар ден, да, денеска дојдовме пеш!

Колку чекори направивте, видовте ли на апликацијата?

Тренчевска: Не ги броиме чекорите, но некаде околу два километри.“

„Денеска доаѓате пеш, зошто?

Бране Петрушевски: За да дојдеме на работа!

И другите денови доаѓате пеш?

Петрушевски: Да, да!“

На секој агол од дворот на Собранието имаше бројни полициски сили, но протестот беше мирен и немаше потреба од никаква интервенција.

„Дали доаѓате пеш на работа?

Оливер Спасовски: „Да, често доаѓам пеш! Ви благодарам…“

„Денеска доаѓате пеш, дали е тоа практика што треба да ја следите секој ден?

Дијана Тоска: „Јас секогаш доаѓам пеш, всушност доаѓам со такси до некаде, а потоа пеш.“

„Добар ден, господине Ковачевски, денеска дојдовте пеш?

Димитар Ковачевски: „Јас пешачам по 15 километри секој ден.“

Дури и еден пратеник, иако со протеза на ногата, немаше проблем да дојде пеш.

„Оние кои денеска излегоа на улица имаат целосно право да бараат достоинствена плата. Ние како пратеничка група имаме предлог-закон во Собранието за зголемување на минималната плата на 600 евра. Сметам дека секоја друга дебата денес е против достоинството на сите граѓани. Целосно ја поддржувам оваа иницијатива, а доаѓањето на работа е наша обврска…“, порача Фатмир Битиќи.

„Денеска одевме пеш, но многу често доаѓам и со велосипед, овојпат пешачев. Пораката на ССМ што ја испратија денес е многу силна и сметаме дека е оправдана, сè додека не се зголемат минималните плати, а од друга страна пратениците земаат рекордни суми за патни трошоци.“, рече Амар Мециновиќ.

Некои од пратениците кои доаѓаат од подалеку велат дека морале да дојдат со автомобил.

Во врска со пешачењето, како го оценувате тоа, дали треба да се следи примерот и другите денови?

 Беким Ќоку: „Ние доаѓаме од далеку, од Струга“.

Дали ги поддржувате протестите?

„Апсолутно да, имаат право на протест“.

„Г-дине Јахоски, дали сте единствениот што доаѓа со автомобил?

„Не ве разбирам!

Зошто не ја почитувате волјата на демонстрантите?

„Не гледам дека некој протестира…“

Од сите парламентарни партии велат дека пешачењето е здраво, но не сите ја поддржуваат формата на протестот на Сојузот на синдикатите на Македонија.

„Како пратеничка сметам дека нападите се многу навредливи кон пратениците и мислам дека со таков пристап во политиката се руши суштината, а тоа во овој случај е директното претставување на граѓаните во законодавниот дом.“, додаде Иванка Василевска.

„Не е проблем да се оди пеш, но ние дојдовме со автомобил. Ви викаат крадци, како го коментирате тоа? Не, тоа не е точно, како се докажува дека сме крадци? Ние со достоинство ги извршуваме уставните обврски. Дали се согласувате да ви се намали платата? Јас зборував овие денови за тоа прашање – треба на сите линеарно да им се вреднуваат платите, а потоа да се зборува за платите на пратениците.“, вели Сали Мурати.

Додека пратениците влегуваа во Собранието од неколку споредни влезови, демонстрантите извикуваа „крадци“ и носеа транспаренти.